ЛЕКАР 5 ГОДИНИ ПРИМАЛ ПЛАТА БЕЗ ДА РАБОТИ Стружанец ја оштетил државата за 32.000 евра

Според МВР, повеќе од 5 години, почнувајќи од 2019 година, 42-годишникот не се појавувал на работа, не ги известил надлежните дека му прекинал специјалистичкиот стаж, а од 2020 година работел и без лиценца од Лекарската комора.

2,756

Лекар од Струга добил кривична пријава поради сомнение дека со години примал плата без да работи и без лиценца, оштетувајќи го буџетот на болницата за речиси 32.000 евра, јави Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, повеќе од 5 години, почнувајќи од 2019 година, тој не се појавувал на работа, не ги известил надлежните дека му прекинал специјалистичкиот стаж, а од 2020 година работел и без лиценца од Лекарската комора.






„К.С. од 01.07.2019 до 29.11.2024 не ги исполнувал законските обврски, при што не поседувал ниту важечка лиценца, а буџетот на болницата бил оштетен за 1.956.569 денари“, се вели во полицискиот билтен.

За 42-годишниот К.С. е поднесена пријава за „несовесно работење во службата“.

Поврзани содржини