ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ Тибетанците веруваат дека нема проблем што не може да се реши со цампа
Станува збор за пржено брашно од јачмен што традиционално се додава во солениот тибетански чај со путер, но може да се помеша и со обична вода и пиво.
Цампа (Tsampa) е основна тибетска храна која се смета за лек за сите болести – го намалува лошиот холестерол и крвниот притисок, се става на болен заб, се јаде за подобро варење…
Станува збор за пржено брашно од јачмен, житарка која се сади во пролет и зрее во текот на летото. Прво се става да се исуши, потоа се пржи и на крај се меле за да се добие брашно. Тибетанците веруваат дека не постои проблем што оваа храна не може да го реши. Традиционално ова брашно се додава во солениот тибетантски чај заедно со путер, но може да се помеша и со обична вода и пиво.
Обично со прсти се обликува мазна топка од течноста и брашното и се јаде за појадок, ручек или вечера. Одлично заситува бидејќи е богат со протеини, но содржи и вредни витамини и минерали. Од цампа се печат леб, печива и колачи, а исто така се додава и како згуснувач во супи и чорби.
Употребата на ова брашно во Тибет не изненадува ако се знае дека јачменот е една од ретките житни култури што успева на голема надморска височина.
Обично брашно од јачмен е исто така достапно и во нашите продавници за здрава храна.
Фото: Pixabay