Легендарниот камерунски саксофонист Ману Дибанго почина во Франција од последиците од болеста ковид-19 на 86-годишна возраст, изјави денеска неговиот претставник за „Франс прес“.
Светски познат по синглот „Soul Makosa“ од 1972 година, тој е првата славна личност во музичкиот свет што умре од коронавирусот.
– Тој почина рано утрово во болница во регионот во Париз – изјавил за „Франс прес“ Тиери Дирепер, кој ги води музичките изданија на уметникот.
Заедно со Фела Кути и Хју Масекел, Дибанго беше еден од пионерите на афро битот, а неговиот стил е оригинална фузија на џезот, соулот и традиционалната африканска музика.