Со денес објавените мерки, Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис, иако знаеја дека состојбата е алармантна и дека одредени мерки требаше да се преземат многу порано рече на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
– Паднаа во вода сите нивни тврдења дека состојбата е под контрола, дека системот е добро организиран и дека нема потреба од нови мерки, како што изјавуваа пред само една недела. Ова е уште еден доказ дека неспособната и криминогена власт директно ги загрозува животите на граѓаните на Република Македонија. Последни сме во процесот на вакцинација, а први на листите на смртност. Состојбата ескалира со недели, но истата беше игнорирана за да може да го спроведат лажниот попис. За свесното жртвување човечки животи заради политика и политизација мора да има одговорност. Граѓаните гледаат се повеќе и повеќе со какви некадарници си имаат работа – рече Лефков.