Ле Мер: Финансиската помош не смее да се користи за откуп на акции

Според него, на тие компании нема да им биде дозволено, исто така, со парите да им исплаќаат дивиденди на акционерите, со цел да осигураат дека овие средства ќе останат инвестирани во нивниот бизнис

208

Француските компании кои ќе добијат финансиска поддршка од државата за надминување на проблемите за време на кризата со коронавирусот, не смеат да ги користат тие средства за откуп на сопствени акции, порача денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Според него, на тие компании нема да им биде дозволено, исто така, со парите да им исплаќаат дивиденди на акционерите, со цел да осигураат дека овие средства ќе останат инвестирани во нивниот бизнис






– Нема да толерираме компаниите да вршат откуп на акции или да им исплаќаат дивиденди на своите акционери… Откупот нема да биде компатибилен со користењето на државната помош, истакна Ле Мер.

Поврзани содржини