ЛДП ГО ПОЧНА КОНГРЕСОТ ЗА ИЗБОР НА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ Кандидатката Зајкова ветува лидерство насочено кон иднината

Најавувам прогресивни политики кои ќе се дистанцираат во дел од актуелните владини и опозициски, нова платформа соодветна на современите предизвици, како и политики во кои мнозинството граѓани се препознаваат, истакна денеска кандидатката за претседател на ЛДП, Моника Зајкова.

123

Во ЛДП созреа времето за првата жена претседател. Изразувам подготвеност за мојот, досега најголем личен предизвик. Ви ветувам лидерство насочено кон иднината. ЛДП ја гледам како сериозна партија со големо влијание врз одлуките, насоката и стратегијата по која ќе се води државата, како сериозен фактор без кој не би можела да се формира ниту една Влада во иднина, како партенр на граѓаните и конструктивен коректив на власта. ЛДП нема да биде цел само на поголемите партии, туку ќе соработува исклучиво за интересите на граѓаните и државата. Најавувам прогресивни политики кои ќе се дистанцираат во дел од актуелните владини и опозициски, нова платформа соодветна на современите предизвици, како и политики во кои мнозинството граѓани се препознаваат, истакна денеска кандидатката за претседател на ЛДП, Моника Зајкова.

Во обраќањето на официјалниот дел од осмиот партиски конгрес кој беше отворен за јавноста, Зајкова рече дека прогресивните политики кои се водеа изминатиот период нема да застанат.






– Најавувам многу работа и ве повикувам обединето, храбро и гласно да работиме заедно, пожртвувано, без штедење, тактизирање и популизам. Заедно да носиме смели и одговорни одлуки во интерес на граѓаните. Ве повикувам да не одиме по слепо дефинирана патека, туку да одиме каде што нема пат и да оставиме трага – либералдемокртатски печат на европска Македонија, да бидеме фокусирани кон нови победи за државата, потенцира Зајкова.

Таа вети пред членството дека ќе го даде својот максимум партијата да ја води делотворно.

– Таа чест за мене значи двојна одговорност. Ви ветувам лидерство насочено кон иднината зашто токму ЛДП ја гледам како партија која гради политики во сегашноста за подобра иднина, политики кои ќе ја направат земјава поубаво место за живеење, но и за идните генерации. Имаме одговорност да преземеме акција сега и денес – подвлече Зајкова.

На конгресот се очекува таа ја добие поддршката. Пред Зајкова, со ЛДП раководеше Горан Милевски кој се уште е актуелен претседател. Во обраќањето на когресот, тој јавно ја поддржа Зајкова, посакувајќи и успех особено на претстојниот пат кон членство на земјава во ЕУ.

Конгресот почна со интонирање на македонската химна, а прв пред присутните се обрати претседателот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа и поранешен министер за одбрана на Словенија Роман Јакиќ. По него зборуваше Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!” и пратеничка во Националното собрание во Франција, додека преку видео-конференциска врска порака испрати и претседателката на Либерална Интернационала, Хакима Ел Хаите. Обраќање имаше и европратеникот и копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучу.

На крајот од официјалниот дел на конгресот се обрати и се уште актуелниот претседател на ЛДП Горан Милевски кој седум години беше на чело на партијата. Милевски за својот посебен придонес доби благодарница која му беше врачена од Зоран Шапуриќ.

Милевски му се заблагодари на членството за досегашната соработка. Рече дека во 2015 година наследил партија која 12 години била во длабока опозиција, партија со блокирана сметка и во долгови.

– Се боревме и успеавме да ја донесеме ЛДП заедно со оваа коалиција на власт и еве веќе шест годинии успешно ја практикуваме власта. Денес сме вадејачка партија со министер, пратеници и неколку директорски позиции, партија која по 10 години настапи самостојно на локалните избори и имаше одлични резултати. ЛДП ја вративме и во европското либерално семејство. Но, нашата битка е делумно остварена, земјава стана членка на НАТО на што сум особено горд зашто ЛДП беше дел од оваа приказна. Останува уште Моника, во која искрено верувам, да го заврши процесот на преговори со ЕУ. Нема да биде лесно. Треба сите да го смениме начинот на размислување зашто реформите не значат само промена на закони, туку бара од нас и промена на начинот на размислување и делување – порача Милевски.

Мотото на годинашниот осми конгрес на ЛДП е „Обединето, храбро, гласно!”. Покрај членовите, присуствуваат многу странски и домашни гости.

На конгресот денеска му претходеше регионална либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ” од која беше испратена порака дека земјава нема друга алтернатива, освен членството во ЕУ, како и дека тој пат бара многу работа, но носи и големи придобивки.

Поврзани содржини