ЛАЖНО ПРИЈАВИЛ ДЕКА НЕКОЈ СЕ ОБИДЕЛ ДА КИДНАПИРА ДЕВОЈЧЕ Подоцна признал дека го измислил настанот поттикнат од објави на Фејсбук!?

Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека две лица со комбе „мерцедес" се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале.

205

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го уапсија Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување, информира прес-центарот на Министерството за вантрешни работи.

– Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес” се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно дека нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери. Во консултација со ОЈО Скопје, Џ.Г. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информира МВР.






Претходно Министерството за внатрешни работи ги демантираше информациите, кои се проширија на социјалните мрежи за наводни случаи на киднапирања деца.

📸 НЕМА КИДНАПИРАНИ ДЕЦА, ЛУЃЕТО ОД ФОТОГРАФИЈАТА СЕ РОМАНЦИ! Апел од МВР да не се пласираат лажни вести по социјалните мрежи

 

 

Поврзани содржини