ЛАЖНИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ПОВТОРНО ГО ТРЕСАТ СКОПЈЕ Две училишта цел на ново „бомбашко“ сценарио
Училиштата добиле пораки на своите електронски адреси со наводи за поставена експлозивна направа. Веднаш по приемот на пријавите, полицијата спровела проверки на терен и било утврдено дека се лажни.
Две скопски средни училишта утрово добиле дојава за поставена бомба, но по брзата интервенција на полицијата, утврдено е дека станува збор за лажна тревога.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 8 април 2025 година, училиштата добиле пораки на своите електронски адреси со наводи за поставена експлозивна направа. Веднаш по приемот на пријавите, полицијата спровела проверки на терен.
„Преземени се сите потребни мерки и активности и по извршените проверки е утврдено дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР.