ЛАЖНА НАГРАДНА ИГРА СО ИМЕТО НА „ЛИДЛ“ Компанијата со итно предупредување до граѓаните

Оваа наградна игра не е организирана од наша страна. Ги повикуваме граѓаните да не споделуваат свои податоци преку сомнителни линкови, предупредуваат од „Лидл“.

232

Компанијата „Лидл“ ја информира јавноста дека на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери од нивната марка.

Објавата, која нема никаква поврзаност со компанијата, ги повикува корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да внесат лични податоци за да учествуваат.






Од „Лидл“ остро демантираат каква било поврзаност со оваа активност и апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.

– Оваа наградна игра не е организирана од наша страна. Ги повикуваме граѓаните да не споделуваат свои податоци преку сомнителни линкови. Сите активности, кога ќе започнеме со работа во Северна Македонија, ќе бидат објавени исклучиво преку нашата официјална веб-страница и преку проверените канали на социјалните мрежи – велат од компанијата „Лидл“.

Од компанијата дополнуваат дека безбедноста и довербата на потрошувачите се приоритет, и оттаму апелираат за зголемено внимание на интернет, особено кога станува збор за наградни игри и анкети што бараат лични податоци.

Поврзани содржини