ЛАЖНА Е ДОЈАВАТА ЗА БОМБА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, НЕМА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ Полицијата извршила претрес откако некој синоќа се јавил на 112
За случајот се огласија и од ТАВ Аеродроми потврдувајќи дека се работи за лажна пријава. Во написот се вели дека кога пристигнала дојавата биле активирани сите планови и процедури за постапување при вакви настани. По претресот на полицијата аеродромот продолжил со работа.
Лажна е дојавата за бомба на скопскиот аеродром и аеродромот продолжил со редовна работа околу 6 часот наутро, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Антитерористичката единица при МВР извршила проверки на „Меѓународниот аеродром Скопје“ откако лице во 02:41 часот по полноќ, во саботата, 16 август, на телефонскиот број 112 пријавило дека наводно е поставен експлозив во авион кој требало да лета за Турција.
За случајот се огласија и од ТАВ Аеродроми потврдувајќи дека се работи за лажна пријава. Во написот се вели дека кога пристигнала дојавата биле активирани сите планови и процедури за постапување при вакви настани.
По претресот на полицијата аеродромот продолжил со работа.
„Нема откажани летови на Меѓународен аеродром Скопје, но сообраќајот беше времено запрен до 6:00 часот утринава, односно сé додека МВР не извести дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред“, велат од скопскиот аеродром.