ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ НАПАДНАЛ ПЕЈАЧКА Инцидент во локал во скопски Аеродром
Двајца мажи ја попречувале пејачката да настапува во локал во Аеродром, а еден од нив се претставувал како полицаец и ја нападнал.
Двајца мажи се приведени по инцидент во угостителски објект во скопската општина Аеродром, откако ја нападнале пејачката и ја спречувале да настапува.
Според пријавата во полиција, инцидентот се случил во раните утрински часови кога двајцата почнале да прават проблем во локалот. Тие ја попречувале пејачката да работи, а еден од нив се претставувал дека е од полиција и физички ја нападнал.
Двајцата, исто така, упатувале закани и кон лицето кое го пријавило случајот. По доаѓањето на полицијата, тие биле приведени. Станува збор за Љ.А.(35) и Н.Д.(40), двајцата од Скопје.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.