ЛАЗАРОВ ЈА СЕЛИ НАГРАДНАТА ИГРА НА ИНТЕРНЕТ Јутуберот изјави дека ќе го продолжи проектот во друга форма
Денеска Бојан Јовановски-Боки 13, се повлече од проектот со изјава дека му дава целосна поддршка на Лазаров.
Стефан Лазаров кој заедно со Бојан Јовановски-Боки 13 ја организира спорната наградна игра денеска се јави на социјалните мрежи и соопшти дека проектот ќе продолжи во друга форма и дека наградите ќе ги доделува на интернет. Тој беше посочен дека за наградната игра не поседувал лиценца.
Тој вели дека ова се притисоци кои тој ги трпи.
„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно. Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени. И уште нешто, не верувајте на се што ќе прочитате“, напиша Лазаров на Фејсбук.
Бојан Јовановски-Боки 13, се повлече денеска од проектот со изјава дека му дава целосна поддршка на Лазаров.
Инаку, синоќа инспектори на УЈП влегоа во објектот каде што се организира наградната игра.
БОКИ 13 СЕ ОТКАЖА ОД НАГРАДНАТА ИГРА Му даде максимална морална поддршка на Лазаров