ЛАВРОВ РЕЧЕ „ВРАЌАЈ ГО АВИОНОТ“? Мистер „Њет“ се налути и не стигна во Кина

„Господин Њет“, како што беше наречен Лавров, се вратил и слетал на аеродромот Шереметјево во Москва. Но, сепак, зошто точно Лавров ја откажал посетата по 2.800 километри поминати во воздух?

7,640

Насред летање, негде над Сибир, авионот со руската делегација кој требаше да слета во Пекинг свртел и се вратил назад во Русија, пишува Билд, а пренесоа повеќе медиуми. Во авионот бил првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров, кој наводно се налутил поради денешната неформална подрршка која Кина ѝ ја даде на Украина со изјавата на кинескиот амбасадор во земјата дека „Кина никогаш не би ја нападнала Украина, таа е наш пријател“.

„Господин Њет“, како што беше наречен Лавров, се вратил и слетал на аеродромот Шереметјево во Москва. Но, сепак, зошто точно Лавров ја откажал посетата по 2.800 поминати километри во воздух?






Се шпекулира и дека е можно Кина да одбила да го прими шефот на руската дипломатија, а некои, пак, велат дека директивата за враќање дошла лично од Владимир Путин. Според оваа верзија, Москва, наводно, во претходните денови побарала од Кина воена и економска помош.

Сепак, официјални лица од двете земји одбија да ги потврдат овие наводи.

Поврзани содржини