ЛАВРОВ ИНСИСТИРА СТРАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ДА ЈА НАПУШТАТ БУГАРИЈА Русија побара од НАТО да се врати на некогашните граници

Повлекувањето на странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и  на Романија како две земји кои не биле членки на НАТО во 1997 година, изјави рускиот министер за надворешни работи,

993

Москва бара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе престане да се шири на исток и ќе се врати на границите од 1997 година. Но, тоа ќе се однесува и на војниците кои се наоѓаат во Бугарија и Романија, земји кои пред крајот на минатиот век не беа дел од НАТО.

– Повлекувањето на странски војници, оружје и опрема се однесува и на Бугарија и  на Романија како две земји кои не биле членки на НАТО во 1997 година – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одговарајќи на прашањата од медиумите.






На прашањето што значи тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството наведува дека Русија сака сета странска опрема и војници да се повлечат од тие земји, пренесува агенцијата ТАСС.

– Станува збор за повлекување странски војници, опрема и оружје, како и за други чекори насочени кон враќање на ситуацијата од 1997 година во земјите кои во тоа време не беа членки на НАТО. Тоа ги вклучува и Бугарија и Романија – рече Лавров.

Поврзани содржини