ЛАВРОВ ДОЦНА СИНОЌА СЛЕТА ВО СКОПЈЕ Со Блинкен се разминаа „како договорени“

Шефот на руската дипломатија пристигна во Скопје по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и шефовите на делегации на земјите членки на ОБСЕ.

771

По долгата неизвесност околу неговото доаѓање на Министерскиот совет на ОБСЕ, доцна синоќа, околу 23 часот, на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија пристигна во Скопје по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и шефовите на делегации на земјите членки на ОБСЕ, која се одржа во хотелот „Александар палас“.






На вечерата, меѓу другите, присуствуваше и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој пристигна во Скопје доцна попладнето. Веднаш по нејзиното завршување, околу 21 часот, шефот на американската дипломатија од скопскиот аеродром замина за Израел.

Покрај Блинкен, вечерва околу 22:30 часот од Скопје замина и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

 

Поврзани содржини