ЛАВРОВ БАРА ИСТОМИСЛЕНИЦИ ЗА „МИР ВО УКРАИНА“ Со колегите од Бразил и Кина зборувале за „шест точки“

Бразил и Кина од мај го промовираат својот мировен план од шест точки „Политичко решение на украинската криза“, чии клучни принципи се во корист на Русија. Лавров се сретна со своите колеги од Бразил и Кина на маргините на вчерашниот состанок на Советот за соработка меѓу Русија и Заливот во Саудиска Арабија.

267

Американскиот институт за проучување на војната оцени дека Кремљ најверојатно се обидува да најде посредници за преговорите со Украина.

Според извештајот на Институтот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнал со своите колеги од Бразил и Индија, Мауро Виеира и Субрахмањам Џаишанкар, на маргините на вчерашниот состанок на Советот за соработка меѓу Русија и Заливот во Саудиска Арабија.






Лавров со соговорниците разговарал за војната во Украина, но руското Министерство за надворешни работи не открива детали од средбата.

Бразил и Кина од мај го промовираат својот мировен план од шест точки „Политичко решение на украинската криза“, чии клучни принципи се во корист на Русија. Ова е во спротивност со мировното решение кое го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кое се нагласува територијалниот суверенитет на Украина.

Зеленски инсистираше Русија да учествува на следниот мировен самит посветен на Украина, откако Русија не присуствуваше на самитот во Швајцарија, иако беше поканета.

Индискиот премиер Нарендра Моди неодамна дојде во Киев и официјално ја потврди поддршката на Индија за мирот во Украина врз основа на принципите на меѓународното право, вклучувајќи го и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на државите.

Во исто време, Лавров го повтори ставот на Кремљ дека украинската „формула за мир е ултиматум“ и дека Русија никогаш сериозно не размислувала за тој план.

Поврзани содржини