Левица: Нема пари за осигурување на младите специјализанти, а има за новогодишно украсување

Според Левица, трошокот за здравствено осигурување за околу 200 специјализанти изнесува 25.000 евра месечно, додека стотици илјади евра ќе бидат дадени за новогодишно украсување во услови на здравствена и економска криза!

284

Левица  предупредува дека ангажирањето на лекарите специјализанти  во ковид- центрите без здравствено осугурување е слично на нивно туркање на минско поле како бомбаши самоубијци.Оттаму потсетуваат дека за здравствено осигурување на 200 специјализанти се потребни 25.000 евра кои Министерството за здравство не сака да ги обезбеди.

Оттука и нивната загриженост што Министерството за здравство и во услови кога специјализантите се потребни да му помогнат на постоечкиот здравествен кадар, наместо да го покрие осигрувањето дозволува врз нив да се врши мобинг и закани дека ќе ја изгубат специјализацијата, ако не прифатат работа во ковид-центрите.






-Шокира начинот на кој истите се третирани. Со години наназад ЗЛС (Здружението на лекари специјализанти) апелира и укажува дека нивната состојба е апсурдна- лекуваат и се усовршуваат, а во исто време немаат здравствено осигурување. И сега, кога нивната работа би била особено драгоцена, Министерството за здравство повторно нема слух за нив. Слух нема, пари за здравствено осигурување – околу 25.000 евра месечно – нема, ама затоа има камшик. Специјализантите се жртви на мобинг, закани, уцени и притисоци да се вклучат со работата во ковид центрите, при што, во случај на болест самите ќе ги ги сносат трошоците за лекување. Додека го одбијат ова, надлежните им се закануваат дека ќе им биде прекината специјализацијата. – велат од партијата.

Според Левица, во ситуација кога е потребен секој здравствен кадар логично е да се мобилизираат сите расположливи човечки ресурси.

-Логично е тие кои ја избрале благородната професија и дале заклетва да се јават на повикот. Младите специјализанти исто така. Но, никој не може и не смее да очекува од нив да втрчаат во ковид центрите како бомбаши самоубијци на минско поле. Овие млади луѓе и лекари не му се потребни на општеството само сега! Тие се идината на македонскиот здравствен систем – велат оттаму.

Од Левица потсетуваат:

– Трошокот за здравствено осигурување за околу 200 специјализанти изнесува 25.000 евра месечно, додека стотици илјади евра ќе бидат дадени за новогодишно украсување во услови на здравствена и економска криза!

 

Поврзани содржини