📷 ЛАУТАРО КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ПО ПОРАЗОТ НА ИНТЕР Сподели фотографија и порака до фановите

Денес, повеќе од секогаш, горд сум што го носам овој дрес и што сум капитен на овој тим и колектив. ЗАСЕКОГАШ ИНТЕР, напиша Лаутаро покрај две црно-бели фотографии од себе, кои ја покажуваат неговата голема тага на теренот во Минхен.

353

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, го прекина молкот по тешкиот пораз на тимот од 5-0 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Тој го стори тоа со објава на социјалните мрежи во која ја изрази својата тага поради болниот пораз.

„Здраво, драги навивачи на Интер. Ви ја пишувам оваа порака неколку дена подоцна бидејќи ми беше и сè уште ми е тешко да ја проголтам тагата, разочарувањето и горчината по натпреварот во саботата. Ви се извинувам на сите вас што не можев да го остварам нашиот заеднички сон. Сакам да им се заблагодарам на сите „нероазури“ кои беа во Минхен, на „Сан Сиро“ и насекаде во светот. Вие секогаш сте единствени.






Во фудбалот, важни се трофеите што ги освојувате, тоа е неспорно! Но, за мене, стигнувањето до две финалиња на Лигата на шампионите за три години по толку многу жртви исто така значи многу. Се боревме повторно да ги доживееме овие емоции, да освоиме трофеи и да ги оживееме ноќите како онаа на 22 април (со минатогодишното Скудето).

Од првиот ден кога пристигнав во Милано, моите соиграчи и јас работевме за Интер да го најде своето место во историјата и да се врати на местото каде што заслужува да биде. Има денови кога е лесно да се биде искрен, во други е задолжително, а во трети привилегија. Денес е задолжително за сите нас да бидеме такви. Денес, повеќе од секогаш, горд сум што го носам овој дрес и што сум капитен на овој тим и колектив. ЗАСЕКОГАШ ИНТЕР“, напиша Лаутаро покрај две црно-бели фотографии од себе, кои ја покажуваат неговата голема тага на теренот во Минхен.

 

Поврзани содржини