ЛАПАЛ БРЗА ХРАНА, ПИЕЛ КОКА-КОЛА Трамп ја обвинува кујната во Белата куќа дека се здебелил
Во април годинава, еден од советниците на поранешниот претседател за „Бизнис инсајдер“ изјави дека Трамп изгубил 6,8 килограми откако ја напуштил Белата куќа.
Поранешниот советник на Трамп, Џејсон Милер, рече дека поранешниот прв човек на Соединетите држави бил „многу посреќен“ отколку кога изгубил тежина. Милер го откри и рецептот на Трамп за слабеење. Тој тврди дека поранешниот претседател му се пофалил дека сега загубил килограми затоа што кујната во Белата куќа сега не му е достапна 24 часа на ден, пишува Индипендент.
– Немам кујна достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата. Тука е и малку голфот – рече Милер, цитирајќи го Трамп.
Во април годинава, еден од советниците на поранешниот претседател за „Бизнис инсајдер“ изјави дека Трамп изгубил 6,8 килограми откако ја напуштил Белата куќа. Друг советник рече дека „поранешниот претседател сега изгледа посреќен и поздрав, дури и потенок, откако го напушти Вашингтон во јануари“.
Познато е дека Трамп ужива во брзата храна, дури наводно имал копче на неговата работна маса во Белата куќа кое може да го притисне секој пат кога сака диетална Кока-Кола. Во една прилика, Рони Џексон, поранешниот доктор во Белата куќа, еднаш рече дека вработените во Белата куќа морале да кријат зеленчук во храната на Трамп.
Во февруари 2019 година, систематскиот преглед на тогашниот претседател откри дека Трамп тежел 110 килограми. Станува збор за задолжителен физички здравствен преглед, на кој претседателите на САД одат еднаш годишно во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“.
Тогаш Трамп бил прегледан од доктор Шон Конли и според резултатите, претседателот бил „во многу добра здравствена состојба“. Една година претходно, неговата тежина била за два килограми помалку.