Ланското финале на Вимблдон меѓу Ѓоковиќ и Федерер е најдоброто во историјата

Во интервјуто за „Tennis legends“ на Евроспорт, Едберг и Бекер, кои некогаш беа големи ривали и кои заедно освоија пет титули на Вимблдон, разговараа за тоа кое финале било најдобро во историјата.

331

Борис Бекер и Стефан Едберг, шампиони на Вимблдон и некогаш први светски тенисери, се согласуваат за една работа – финалето на Вимблдон во 2019 година меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер е најдобро во историјата на тенисот.

Во интервјуто за „Tennis legends“ на Евроспорт, Едберг и Бекер, кои некогаш беа големи ривали и кои заедно освоија пет титули на Вимблдон, разговараа за тоа кое финале било најдобро во историјата.






Во потесниот список беа дуелите на Бјорн Борг и Џон Мекинро од 1980 година, потоа Роџер Федерер и Рафаел Надал од 2008 година и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер од минатата година.

Бекер и Едберг беа исто така тренери на двајцата тенисери, Бекер го тренираше Новак од 2013 до 2016 година, а Едберг беше со Федерер од 2013 до 2015 година.

Борис изјави за минатогодишното финале дека Новак е неговиот фаворит, но дека Роџер играл подобро.

– Имав среќа да коментирам за тоа финале, кое траеше повеќе од четири часа. Ми се чинеше дека Ѓоковиќ е фаворит, бидејќи Роџер имаше тежок натпревар со Надал, а беше многу топло на денот на финалето. Сепак, Роџер играше подобро, тој беше подобар во финалето, но загуби. И тие играа на ниво што никогаш не сум го видел, за мене тоа е најдобро финале во историјата – смета Бекер.

Едберг призна дека за него е многу болно што Федерер ја испуштил предноста и го загубил натпреварот, но тој се согласува со Борис дека тоа било најдоброто финале што го гледал.

– Беше неверојатно, како што вели Борис, најдобриот меч што сум го гледал досега. Од првиот до последен поен. Лично, ми е жал за Роџер, бидејќи мислам дека беше подобар, ги имаше тие 40:15 и две меч топки. Вие не очекувате тој да изгуби од таа позиција. Јас сум пријател со Роџер и беше многу вознемирувачко да го видам како губи, но на Новак треба да му се честита. Во однос на квалитетот, тоа беше најдоброто нешто што сум го видел досега – заклучи Едберг.

Поврзани содржини