Лани повеќе од 9.000 Македонци зеле бугарски пасоши
Од 2016 до сега бројот на „нови Бугари“, како што ги нарекува весникот, е 53.400, од кои 25.600 се Македонци.
Минатата година бројот на издадени пасоши во Бугарија од 9.314 се зголемил на 18.446. од кои повеќето или 9.098 биле издадени на Македонци, објави бугарски „Монитор“ повикувајќи се на официјални државни статистики.
По Бугарија, по бројноста на извадени бугарски пасоши следуваат граѓани на Украина, Србија Молдавија и Албанија. Дел од пасошите се издадени за деца на Бугари во дијаспората, спортисти, како и на странски бизнисмени кои инвестирале во Бугарија.
Од 2016 до сега бројот на „нови Бугари“, како што ги нарекува весникот, е 53.400, од кои 25.600 се Македонци.