ЛАНИ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНЦИ ДОБИЈА ГЕРМАНСКИ ПАСОШ Просечната возраст на нашите граѓани со нови пасоши е 30,8 години

Вкупно 2.805 македонски државјани станаа дел од германското општество, што претставува речиси четирипати повеќе во споредба со 2023 година, кога нивниот број беше само 665.

1,501

Во 2024 година Германија натурализираше рекорден број на нови државјани, најмногу од 2000 година досега, покажуваат официјалните податоци од 13 германски сојузни покраини.

Дел од овој раст се должи и на реформата на законот за државјанство, која овозможи двојно државјанство за не-ЕУ државјани и скратено време на престој од пет години за добивање германско државјанство.






Меѓу натурализираните во 2024 година, особено интересно е зголемувањето на македонските граѓани кои добија германски пасош. Вкупно 2.805 македонски државјани станаа дел од германското општество, што претставува речиси четирипати повеќе во споредба со 2023 година, кога нивниот број беше само 665. Просечната возраст на натурализираните македонци изнесува 30,8 години, а меѓу нив има и 560 малолетници. Половината од нив се мажи (1.375), а другата половина жени (1.430).

Во поширокиот регион на Западен Балкан, најмногу германско државјанство стекнаа граѓаните на Косово — 7.480 лица, по што следуваат Србија со 4.675, Босна и Херцеговина со 3.905 и Албанија со 3.115 нови државјани. Најмалку натурализации има од Црна Гора — само 355.

Најголема група од вкупниот број на натурализации во Германија се сириските државјани, кои сочинуваат 28% од сите нови германски граѓани, или 83.150 лица. По нив следуваат Турците (8%), Ирачаните (5%), Русите (4%) и Авганистанците (3%). Русите бележат најголем пораст — од 1.995 во 2023 година на 12.980 во 2024 година, додека бројот на Турци кои добиле германско државјанство се удвоил, достигнувајќи 22.525 лица.

Рекордниот пораст на натурализации го поттикна и зголемената миграција и интеграција, како и законските измени, кои им овозможија на меѓународните државјани побрзо и полесно да го добијат германското државјанство.

Поврзани содржини