ЛАМПАРД СЕДНА НА КЛУПАТА НА ЕВЕРТОН Легендата на Челзи ќе го предводи тимот од Ливерпул

Лампард на клупата на Евертон седнува на местото на Шпанецот Рафаел Бенитез, кој пред две недели доби отказ по серијата слаби резултати.

216

Поранешниот прославен англиски репрезентативец Френк Лампард е назначен за нов тренер на Евертон, откако ги договори условите со премиерлигашот од Ливерпул за двеипол годишна соработка, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, раководството на Евертон за испразнетото тренерско место водело преговари и со Виктор Переира и Данкан Фергусон.






Лампард на клупата на Евертон седнува на местото на Шпанецот Рафаел Бенитез, кој пред две недели доби отказ по серијата слаби резултати.

Лампард една сезона беше тренер на второлигашот Дерби Каунти (2018/19), а потоа од 2019 до 2021 година го предводеше Челзи.

Поврзани содржини
na