ЛАМБЕ ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ Битолското обвинителство поведе постапка
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против лицето Ламбе Алабакоски за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.
„Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил“, се вели во извештајот и се додава:
„Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“.