ЛАДНОКРВНО УБИСТВО ПО КАВГА ЗА ЗАШТИТНА МАСКА Германец застрелал работник на бензиска пумпа

Задолжителното носење на маската во затворени простории е една од мерките воведени во Германија за борба против ширењето на коронавирусот.

493

Германската полиција уапси 49 годишен маж осомничен за убиство на работник на бензинска пумпа во градот Идар-Оберштајн по расправија за заштитна маска.

Властите велат дека осомничениот и рекол на полицијата дека реагирал од гнев откако 20 годишен работник побарал од него да стави маска.






„За време на сослушувањето, тој исто така изјави дека ги отфрла мерките воведени против ковид -19“, се вели во соопштението на полицијата.

Задолжителното носење на маската во затворени простории е една од мерките воведени во Германија за борба против ширењето на коронавирусот.

Поврзани содржини