Ладнокрвно извадил пиштол и убил касиерка во расправија за маска во супермаркет
Такер се скарал со вработената во супермаркетот и ја напуштил продавницата без да купи било што, но веднаш се вратил внатре одејќи директно кон касиерката, извадил пиштол и ја застрелал, информира Бирото за истраги
Маж кој купувал во супермаркет во американската држава Џорџија застрелал и убил касиерка поради расправија за маска за лице, пред да го рани заменик-шерифот кој работел во таа продавница надвор од службата, објавија локалните власти, пренесуваат американските медиуми.
Виктор Ли Такер (30) пукал со пиштол во касиерката во супермаркет, а потоа учествувал во пукање и со заменик-шерифот надвор од должност, во кој и двајцата биле повредени, се вели во соопштението на полицијата во Џорџија.
Такер и ранетиот заменик се во стабилна состојба, а благајничката која била погодена од куршум им подлегнала на повредите на самото место.
Според првичните информации, Такер се скарал со вработената во супермаркетот и ја напуштил продавницата без да купи било што, но веднаш се вратил внатре одејќи директно кон касиерката, извадил пиштол и ја застрелал, информира Бирото за истраги .
Такер бил уапсен на излезот од супермаркетот.