Ладете се на Водно, ама не палете позади себе!
Денеска е евидентиран пожар на планината Водно, под месноста Марково крувче, а причината за пожарот е човечки фактор.
Поради зголемен ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира до сите граѓани при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.
Денеска е евидентиран ваков пожар на планината Водно, под месноста Марково крувче. Во моментов на терен интервенира Противпожарната бригада на Скопје со 9 возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“, а причината за пожарот е човечки фактор.
Доколку забележите пожар веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на телефон 193 или во Центарот за управување со кризи, на телефон 195.