„ЛАБОРАТОРИИ НА БОЈНОТО ПОЛЕ“ Кој е „тајниот план“ на Русија и на Иран?

Иран учи од Русија за комбинирани ударни пакети, а и врши увид во силните и во слабите страни на одбранбените системи на Западот, рече директорката за истражување на Институтот за политика на Блискиот Исток во Вашингтон, Дејна Струл.

2,362

Русија и Иран ги користат Украина и Блискиот Исток како лаборатории на бојното поле за да го подобрат своето оружје и да развијат техники за да ги поразат американските и сојузничките одбранбени системи, рече директорката за истражување на Институтот за политика на Блискиот Исток во Вашингтон, Дејна Струл, на ислушување за „деспотското дуо“, Русија и Иран, објави порталот Јаху пренесувајќи нејзина изјава за американски „Хил“.

– Иран учи од Русија за комбинирани ударни пакети, а и врши увид во силните и во слабите страни на одбранбените системи на Западот – рече Струл.






Нападот на Иран врз Израел е сличен со руските напади врз Украина

Израелската војска соопшти дека Иран истрелал речиси 170 дронови, 120 балистички ракети и 30 крстосувачки ракети, а речиси сите беа соборени.

Според Струл и други експерти, нападот на Иран врз Израел бил „исклучително сличен на руските напади врз Украина“.

– Русија ја искористи воената и политичката размена со Техеран, за време на Граѓанската војна во Сирија, во своја полза – изјави американскиот конгресмен Том Кин.

Рускиот претседател, Владимир Путин, во понеделникот го нарече обидот за напад на Иран врз Израел „најдобар начин за казнување на агресорот“ и „манифестација на тактичноста и на разумноста на иранските лидери“.

Според експертите, тоа што Русија се потпира на иранско оружје, за да ја продолжи инвазијата на Украина, го смени балансот на силите во односите на нациите, намалувајќи го влијанието на Русија врз режимот, а Иран за возврат совладува повеќе воени и тактички вештини кои ги учи од Русија.

– Едно од најновите случувања, што мораме да го нарушиме, е зголемувањето на руското и иранското оружје и муниција што денес ќе ѝ помогне на Русија да ја прегази Украина, но утре може да му помогне на Иран да го совлада Израел – рече членот на Еврејскиот институт за национална безбедност на Америка Габриел Нороња.

Русија испраќа авиони СУ-35 во Иран

Конгресменот Габе Амо потсети дека неодамна раководството на Централната команда на САД изрази загриженост дека Русија наскоро би можела да му обезбеди на Иран руски авиони СУ-35 во замена за ирански дронови и оружје.

– Замислете само како би изгледал нападот (врз Израел) со напредни ловци – додаде Амо.

Висок соработник во Фондацијата за одбрана на демократии, Бехнам Бен Талеблу, предупреди дека САД им дозволуваат на своите непријатели да се зајакнат меѓусебно, охрабрени од „перцепцијата за политичка неодлучност и стратешко отстапување што произлегува од Вашингтон“.

– Исламската република доби злато, готовина, руско дипломатско покривање, заробено западно оружје и договори за напредно оружје како СУ-35 – рече Талеблу.

„Светот гори, а ние не можеме да ги закопаме главите во песок“

Пратениците од поткомитетот го повикаа Претставничкиот дом на САД да го усвои долго закочениот пакет трошоци за одбрана и за помош на Украина, Израел и на Индотихоокеанската област, наведувајќи ја „силната поддршка“ на претседателот Бајден, објавена во соопштението во средата.

– Светот гори, а ние не можеме да ги закопаме главите во песок – рече претставничката Ен Вагнер.

Поврзани содржини