„Лајка“ ги отвори вратите за бездомниците

536

Денеска се отвори стационарот за бездомни животни, Лајка.

„Лајка“ е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење. Нуди можност за тестирање, вакцинирање, стерилизирање/кастрирање и чипирање на секое од кучињата.






Стационарот „Лајка“ располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава ќе добијат прилика да стекнат навики за ресоцијализација.

Поврзани содржини