Лајен: Сите земји-членки на ЕУ во исто време ќе ја добијат вакцината против ковид-19
Претседателката на ЕК ги повика сите земји-членки на ЕУ да споделуваат точни и правовремени информации за националните епидемиолошки ситуации со Европскиот центар за превенција и контрола на заразните болести, а сите Европејци да преземат мобилни апликации за следење на контактите со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.
Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан синоќа изјави дека сите земји-членки на Европска Унија ќе добијат вакцини против Ковид-19 во исто време и под исти услови во согласност со бројот на жители.
Таа по видеоконференцијата на лидерите на ЕУ кои вонредно разговараа за соработката и одговорот на вториот бран на новиот коронавирус, оцени дека ситуацијата во Европа е „многу сериозна“ поради зголемениот број на новозаболени, хоспитализирани и смртни случаи.
– Ако не реагираме итно и кохерентно здравствениот систем ќе биде преплавен од бранот на пандемијата – предупреди Лајен.
Претседателката на ЕК ги повика сите земји-членки на ЕУ да споделуваат точни и правовремени информации за националните епидемиолошки ситуации со Европскиот центар за превенција и контрола на заразните болести, а сите Европејци да преземат мобилни апликации за следење на контактите со цел да се запре ширењето на новиот коронавирус.
– Разбирам дека сите се уморни и загрижени, но сега е време за трпение и дисциплина. Најважно е да се усвојат одбранбените здравствени навики како што е носење маски, дистанца иизбегнување гужви. Само така заедно ќе го победиме вирусот – посочи Лајен.