Л’Екип: Јувентус во обид да направи пеколeн тандем, тргнува по Меси
Најугледниот француски весник „Л'Екип“ објави дека Јувентус тргнале по Меси, иако според сите информации Манчестер сити е прв фаворит да го донесе најдобриот светски фудбалер.
Италијанскиот великан и актуелен првак Јувентус тргнал да го направи најдобриот тандем на сите времиња и Кристијано Роналдо да го спои со Лионел Меси, откако аргентинската ѕвезда побара раскин на договорот со Барселона пред неколку дена на една година пред истекот на важечката соработка.
Најугледниот француски весник „Л’Екип“ објави дека Јувентус тргнале по Меси, иако според сите информации Манчестер сити е прв фаворит да го донесе најдобриот светски фудбалер. Но, „старата дама“ е убедена дека може да го направи пеколниот тандем од двајцата големи ривали во изминатава повеќе од една деценија, кои доминираа во светскиот фудбал и така Јувентус да добие страшен напад кој по 1996 година ќе треба да го врати пехарот во ЛШ во Торино.
Јувентус пред две години даде над 100 милиони евра за трансфер на Кристијано Роналдо и го направи Португалецот најплатен фудбалер во историјата на италијанскиот фудбал, па втора ваква бомба ќе предизвика уште поголем потрес, но многумина се сомневаат дали во Торино имаат доволно пари за ваква операција.
Засега ова делува нереално, но многу новинари од Италија посочуваат дека доаѓањето и на Роналдо изгледаше нереално, па се – оствари!
Transferts : la Juventus s’intéresse aussi à Lionel Messi https://t.co/Ckd3WZN6GY pic.twitter.com/py9v7bK327
— L’ÉQUIPE (@lequipe) August 28, 2020