КУРТИ САКА ДА ГО ПОБЕДИ АХМЕТИ И ДА ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА Александар Вучиќ пушти „бомба“ од Њујорк

Во изјава за српските медиуми од Њујорк, претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека намерата на косовскиот премиер Албин Курти е да го победи Али Ахмети и  ДУИ и по парламентарните избори во мај да биде дел од власта во земјава.

2,496

Косовскиот премиер Албин Курти сака да владее и во Северна Македонија, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Во изјава за српските медиуми од Њујорк, Вучиќ рече дека намерата на косовскиот премиер е да го победи Али Ахмети и  ДУИ и по парламентарните избори во мај да биде дел од власта во земјава, пренесува „360 степени“.

– Тој сака да владее и со Северна Македонија. Да сериозно, сака да го победи Али Ахмети и ДУИ за да владее во Македонија после мајските избори – рече Вучиќ.






Прашањето за можно учество на партијата на Курти на изборите во Македонија се отвори кон крајот на декември, откако трите опозициски партии на Албанците, обединети во Европскиот сојуз за промени, најавија дека на нивните листи ќе има имиња од партијата Самоопределување на Албин Курти.

Косовскиот премиер пак при вчерашната посета на Скопје не ја отвори темата за изборите и не спомна поддршка за опозициските партии на Албанците, но косовските медиуми информираа дека Курти добил многу  закани од „поединци и структури кои имаат корени во официјален Белград“ и дека врз него се подготвувал атентат од „српско-македонски екстремисти блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“.

 

Поврзани содржини