КУРТИ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ВО ЕУ, „ВО ПРОСЕК СЕ ЧЕКА ДЕВЕТ ГОДИНИ“ Апликацијата за Косово доставена во Прага

Во просек чекањето беше девет години. Реално е Косово да го достигне тој просек, рече Курти во Прага.

131

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската унија и изрази надеж дека за девет години државата ќе влезе во ЕУ.

– Сакаме да се доближиме до членството преку трансформација со постигнување напредок во економијата и сите потребни реформи – изјави Курти на прес-конференција со чешкиот министер за европски прашања Микулаш Бек.






Курти рече дека Косово аплицира за членство, „решено да ги сподели европските вредности како што се слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото”.

– Во просек чекањето беше девет години. Реално е Косово да го достигне тој просек – рече Курти.

Чешкиот министер Бек рече дека барањето на Косово за членство исполнува еден од приоритетите на чешката надворешна и европска политика за проширување на ЕУ во земјите од Западен Балкан.

Поврзани содржини