КУРТИ НЕ СФАЌА ШТО СЕ СЛУЧУВА Гренел вели „сум видел такви санкции и не се баш убави“

Сум видел како изгледаат ваквите последици и не е тоа убаво, напиша поранешниот специјален пратеник на Трамп за дијалог на Косово, додавајќи дека меѓународната заедница му дала рок на Курти до петок да ги исполни барањата на Вашингтон и на Брисел.

2,842

Поранешниот специјален пратеник на Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, изјави дека Албин Курти не разбира што се случува со Косово. Тој на Твитер напиша дека ги видел последиците и дека тоа „не е убаво“.

„Курти не разбира што се случува со Косово. Меѓународната заедница му даде рок до петок да ги исполни обврските што неговата земја ги презеде претходно. Моите пријатели на Косово мора да се подготват за тешки последици доколку Курти не соработува. Сум видел како изгледаат ваквите последици и не е тоа убаво“.






Гренел во самиот твит тој ја сподели изјавата на Курти во која косовскиот премиер изјави дека „ништо нема да се реши со притисок или санкции“.

 

Претходно, медиумите во Приштина пренесоа дека Косово може да се соочи со санкции меѓу кои и секнување на финансиските фондови доколку не ги исполни барањата на Вашингтон и Брисел за деескалирање на ситуацијата на северот од земјата, а тоа се – организирање нови избори во кои ќе учествуваат и Србите, формирање на Заедницата на српски општини и повлекување на косовските специјални единици од општините.

Според Еуроњуз Албаниа, предвидени се и индивидуални санкции против премиерот Курти и против министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, доколку ситуацијата на терен продолжи да се влошува.

Тие можат да бидат прогласени за персона нон-грата, а да секне и западната поддршка за вршење притисок кон Србија за да ја признае независноста на Косово.

АМЕРИКА НИКОГАШ ТОЛКУ НЕ БИЛА ЛУТA НА КУРТИ Санкции за Косово и зa премиерот доколку не се исполнат барањата на ЕУ и САД

Поврзани содржини