КУРТИ НЕ ОСВОИ НИЕДНА ОПШТИНА НА КОСОВО До полноќ го чекале да даде изјава за изборите
На прашањето кога неговата партија ќе го поддржи градоначалникот на Приштина во вториот круг, тој одговори дека одлуката ќе ја донесе претседателството на Алијансата.
Локални избори во текот на вчерашниот ден се одржаа и во соседно Косово. Таму, партијата на премиерот Албин Курти не освои ниту една од 38 општини, а речиси до полноќ новинарите го чекале пред канцеларијата за изјава, пишува Блиц. Ова доаѓа како изненадување, ако се земе фактот дека на парламентарните избори неговата партија „Самоопределување“ освои над 60 отсто од гласовите.
На прашањето кога неговата партија ќе го поддржи градоначалникот на Приштина во вториот круг, тој одговори дека одлуката ќе ја донесе претседателството на Алијансата.
– Како лидер на Самоопределување, задоволен сум што гледам толку многу кандидати во вториот круг, како и голем број советници низ Косово. Подготвен сум да соработувам со секоја општина. Ова е голема победа за демократијата – рече Курти.
Од друга страна, претседателот на ДПК Мемја Красниќи прогласи победа во Јужна Митровица, Феризај, Скендерај, Качаник и генерал Јанковиќ, пренесува Косово онлајн. Нивните кандидати за ДПК ќе трчаат во втор круг во општините Призрен, Глоговац, Вуштри, Штимје, Драгаш, Малишева и Клина и најверојатно Косово Поле.
Исто така, Рамуш Харадинај изјави дека АБК победи во шест општини, Ѓаковица, Сува Река, Ораховац, Клина, Дечани и Јуник и дека ќе одат на вториот круг од изборите во општина Исток.