КУРШУМ ВО АВТОМОБИЛОТ НА ХРВАТСКИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Не се знае кој и кога пукал во возилото на контроверзниот Иван Трудиќ

Турудиќ забележал дупка во автомобилот и не знаејќи како настанала дупката, го однел возилото на сервис. А потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото.

527

Во автомобилот на судијата на хрватскиот Вишиот кривичен суд и новоименуваниот главен државен обвинител на Хрватска, Иван Турудиќ, пукано е од огнено оружје, објави „Јутарњи лист“.

Според информациите кои ги објави хрватскиот весник, засега не се знае кој и кога пукал во возилото на контроверзниот хрватски обвинител кого го следат бројни афери.






Имено, се тврди дека Турудиќ забележал дупка во автомобилот и не знаејќи како настанала дупката, го однел возилото на сервис. А потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото, па станало јасно дека некој пукал во неговото возило.
Турудиќ веднаш пријавил сè во полиција, која веднаш почнала да го истражува случајот.

Поврзани содржини