Курир: 3aeв ѕвонел по телефони за дa cе пpoпyштaт автомобили на Деве Баир во полициcки час
„Среде полициски час, ноќта меѓу 13 и 14 март, Зоран Заев се јавува на граничниот премин Деве Баир и лично дава насока да бидат пропуштени 5 возила, 'Бе-ем-ве‘, едно 'Ауди‘, едно 'Волво‘ и еден 'Мерцедес‘, со образложение дека во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“, објави порталот Курир.
Вчера во 01:00 часот додека траел полицискиот час, на граничниот премин „Деве Баир“ биле пуштени пет патнички возила да влезат во Македонија и тоа по наредба на премиерот Зоран Заев, објави порталот Курир.
Според информациите на овој медиум, службениците имаат пријавено дека биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека на одредени возила, со патниците меѓу кои имало и деца, треба да им се дозволи влез во нашата држава.
„Среде полициски час, ноќта меѓу 13 и 14 март, Зоран Заев се јавува на граничниот премин Деве Баир и лично дава насока да бидат пропуштени 5 возила, ‘Бе-ем-ве‘, едно ‘Ауди‘, едно ‘Волво‘ и еден ‘Мерцедес‘, со образложение дека во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“, објави порталот.
Од Царина за Курир рекле дека не добиле пријава за таков случај.
„Надлежност за евиденција за движење на луѓе и возила преку граничната линија има само полицијата, а не Царината. Што значи дека барем во царина, нема таков случај како што е наведен во Вашиот мејл. На 14.03 имало само едно возило кое се обидело да помине за време на полицискиот час и било вратено од страна на полицијата“, истакнале од Царина.