Курц проценува заразеност на околу 88.000 жители на Австрија

За време на викендот во Австрија се спроведе тестирање на повеќе од 2.000 граѓани, кои беа избрани по случаен избор, за да се утврди реална бројка на заразеност, бидејќи се претпоставува дека има голем број заразени лица кои не покажуваат симптоми.

251

Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека врз  основа на прелиминарните резултати од тестирањата на жителите на Австрија засновани на репрезентативни примероци, спроведени за викендот, заразеноста на жителите е околу еден отсто.

За време на викендот во Австрија се спроведе тестирање на повеќе од 2.000 граѓани, кои беа избрани по случаен избор, за да се утврди реална бројка на заразеност, бидејќи се претпоставува дека има голем број заразени лица кои не покажуваат симптоми.






Курц најави дека резултатите ќе бидат објавени во вторник.

Доколку заразеноста изнесува еден отсто тоа значи дека има околу 88.000 заразени, што е далеку помал број непријавени случаи на зараза отколку што се претпоставува.

Поврзани содржини