Курц не може да чека повеќе, нарачува милион дози од „Спутник В“

Во април се очекува да бидат испорачани 300.000 дози, во мај 500.000 дози и на почетокот на јуни 200.000 - се додава во соопштението.

1,346

Австрија следната недела најверојатно ќе нарача милион дози од руската вакцина „Спутник В“, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц, без да прецизира дали ќе чека одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) пред да се користи.

– Ние сме при крај и следната недела „Спутник“ најверојатно ќе биде нарачан – наведува Курц во соопштение.






Тој претходно рече дека Австрија нема да ја користи вакцината „Спутник“ без одобрение од ЕМА, но во соопштенијата од вчера и денеска тоа не се споменува.

– Во април се очекува да бидат испорачани 300.000 дози, во мај 500.000 дози и на почетокот на јуни 200.000 – се додава во соопштението.

Досега Унгарија и Словачка нарачаа руска вакцина, а Унгарија веќе ја користи.

Италијанскиот регион Кампанија потпиша договор за купување на руската вакцина, но откако ЕМА ќе ја одобри.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вчера на видео-конференција разговараа за можната соработка со рускиот колега Владимир Путин во врска со вакцината.

Поврзани содржини