КУПУВАЈТЕ СИ БИЛЕТИ НАВРЕМЕ Дежурните билетарници на ЈСП нема да работат во недела
Корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).
Јавното Сообраќајно Претпријатие-Скопје (ЈСП) ги информира граѓаните дека од овој викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.
Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).
Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје (www.facebook.com/jspskopjee).