КУПИЛ АВТОМОБИЛ ОД САЛОН И ВЕДНАШ ГО СЛУПАЛ Наместо славје, завршил во болница ВИДЕО
Како што се наведува, станува збор за модел „Тата Тиаго“, кој по паѓањето е зрел за ремонт, а локалните медиуми пренесуваат дека возачот и уште едно лице се повредени во инцидентот и итно се пренесени во болница.
Купувањето автомобил речиси за сите е многу возбудлив настан, но за еден Индиец овој чин се претворил во вистинска катастрофа.
Снимката на безбедносните камери од еден автосалон на индиската компанија Тата покажува како купувањето нов автомобил за миг тргнува на лошо.
На почетокот на снимката се гледа како новиот сосптвеник седи зад воланот на автомобилот, додека продавачот стои до вратата на возачот и му објаснува нешто.
Новопечениот сосопственик потоа, изгледа го уфрлува автоматскиот менувач во „Д“ (Драјв) положба и стиска на гасот.
Изгледа дека планот бил возилото да дојде до хидрауличната рампа (продажниот салон се наоѓа на првиот кат на објектот) за да се спушти на нивото на улицата.
Но, акцијата на возачот предизвика големо забрзување на автомобилот, кој минува преку рампата и конечно паѓа на приземјето на автосалонот.
Како што се наведува, станува збор за модел „Тата Тиаго“, кој по паѓањето е зрел за ремонт, а локалните медиуми пренесуваат дека возачот и уште едно лице се повредени во инцидентот и итно се пренесени во болница.
Се претпоставува дека возачот возбуден поради купувањето нов автомобил пресилно ја стиснал папучата за гас.