КУМОТ НА ЛЕПА БРЕНА ИМА 30 ДЕЦА „Тежи“ повеќе од 1,6 милијарди долари (ФОТО)

Цириак по тениската кариера вложил пари во бизнисот, а моментално се проценува дека е „тежок“ 1,6 милијарди долари.

4,964

Поранешниот тенисер и романски претприемач Јон Цириак (82) е венчален кум на пејачката Лепа Брена (61) и поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ (58) и е еден од најбогатите поранешни спортисти на сите времиња.

Тениската кариера ја започна во шеесетите, а потоа почна да игра во парови и со тоа го освои Отвореното првенство на Франција во 1970 година, што беше врв на неговата кариера, од која се повлече девет години подоцна.






Цириак по тениската кариера вложил пари во бизнисот, а моментално се проценува дека е „тежок“ 1,6 милијарди долари.

Неговото богатство не го достигнаа ниту светски познатите спортисти, а ако го споредиме излегува дека е четири пати побогат од тенисерот Роџер Федерер (40), чие богатство се проценува на 450 милиони долари, а неговото богатство е поголемо од имотот на фудбалерите Лионел Меси (34) (400 милиони долари) и Кристијано Роналдо (36) (500 милиони долари).

Тој ја основа компанијата „Тириак Груп“, која, меѓу другото, се занимава со недвижности, автомобили и финансиски услуги.

Цириак, исто така, поседува и завидна колекција на автомобили и мотори кои содржат над 400 модели, вклучувајќи автомобили кои претходно биле во сопственост на Ал Капоне, Семи Дејвис помладиот и Елтон Џон.

Се оженил само еднаш, и тоа пред да стане славен, со ракометарката Ерика Браед.

Има три деца, синот Јон Цириак помладиот (45) кој ги доби со манекенката Микет вон Изенберг и синот Карим и ќерката Јоана (24) со египетската новинарка Софи Ајад.

Според пишувањето на романските медиуми, тој во една прилика наводно открил дека имал уште 30 вонбрачни деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини