КУМАШИНЧЕТО НА ЗАЕВ ФАТЕНО ВО АПАШЛУК Опозицијата го бара ликот што е капо ди тути капи на мафијата
Како и Рашковски, така и Зекири ова не го правеле на своја рака, туку зад ова седи ликот кој е капо ди тути капи на мафијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
После Рашковски, најдобриот другар на Заев, и кумашинот на Заев, Мухамед Зекири, фатен во криминал. Заедничкото за овие двајца освен што се луѓе од доверба на Заев, беа и генерални секретари на владите на заевизмот. Веројатно шемата е иста, преку матни зделки милиони народни пари да се одлеваат во приватни џебови. Еден Рашковски заменет со друг Зекири и двајцата фатени во апашлук, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако Рашковски правел криминогени далавери со софтвер кој сам на себе си го продаваше со народни пари, сега во случајот со Зекири е правена студија за продажба на Македонска пошта во износ од близу милион евра, без да има тендер. Додека Македонска пошта има нередовни плати, Зекири направил милионска зделка и ја доделил на негови партнери од Хрватска, а за возврат добиваат “семинарски труд“. Како и Рашковски, така и Зекири ова не го правеле на своја рака, туку зад ова седи ликот кој е капо ди тути капи на мафијата“, додаваат од партијата.
Оттаму предупредуваат дека следниот пат кога владата на СДСМ и на ДУИ ќе убедува дека нема пари за поголеми плати на наставниците и дека тоа ќе предизвика инфлација, нека одговорат како милиони евра завршуваат на софтвери, студии, матни зделки и набавки.