КУМАНОВО ГО НАГРАДИ САШКО КОЦЕВ Актерот е добитник на наградата „Васил Иљоски“
Наградата ќе биде доделена на свеченото отворањето на Фестивалот кон крајот на септември оваа година во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Актерот Сашко Коцев е годинешниот лауреат на Филмскиот фестивал „Денови на комедија Куманово 2024“, информираа од Центарот за култура во Куманово
„Советот на Фестивалот Денови на комедија Куманово во состав на: Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски одлучија востановената награда „Васил Иљоски“ која се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата да му припадне на актерот Сашко Коцев“ – стои во соопштението.
Наградата свечено ќе биде доделена на отворањето на Фестивалот кон крајот на септември оваа година во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.