КУМАНОВО ЌЕ ДОБИЕ МОЛ ЗА ЧЕВЛИ И КОНФЕКЦИЈА Димитриевски ќе ги развива малите и средни бизниси

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово денеска се сретна со претставници на чевларско-кожарската индустрија.

800

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски на Куманово, заедно со носителката на листата за советници од иницијативата „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска, денеска остварија средба со претставниците на кожарско-чевларската индустрија во Куманово.

Димитриевски ги информираше за делот од програмата кој се однесува на развојот на малото и средно стопанство во градот и индустриските зони Новаци и Речици.






– Им ги кажавме условите под кои ќе може да се инвестира во истата, а разговаравме и за можност за изградба на нов деловен комплекс којшто би бил строго наменет за дел на занаетчиите во градот и дел за занаетчиските гранки, меѓу кои и кожарските преработувачи или чевларската индустрија. Тоа е на локација на октомвриска револуција, локалитет Табакана, каде што моментално согласно деталниот урбанистички план има предвидено изградба на станбено деловен комплекс, но во рамки на нашата програма на оваа локација сакаме да изградиме подземни паркинзи и дополнително на два спрата еден трговски комплекс каде што би биле дадени истите локали да се користат од страна на занаетчиските дејности и да се формира еден „Mall“ за продажба на производи кои доаѓаат од чевларската и текстилната индустрија од нашиот град. На тој начин, дополнително би го брендирале нашиот град како град производител на чевли и текстил – рече Димитриевски.

Поврзани содржини