КУМАНОВО ДОБИ БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ Ќе биде субвенциониран шест месеци, а можеби и трајно

Со бесплатниот градски превоз ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето – вели градоначалникот Димитриевски.

209

Советот на општина Куманово донесе одлука за субвенционирање на јавниот превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина. Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби.

– Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби – изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Поврзани содржини