Поради зголемен број на заболени лица од коронавирус како и немање на термини за тестирање, бараме од Министерство за здравство двојно да се зголеми бројот на термини за тестирање преку „Мој термин“ за Општина Куманово. Ова е едно од барањата од состанокот на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на ковид-19.
– Поради зголемен број на заболени лица, како и обезбедување на нивен соодветен третман за лекување (преглед, усмерување, хоспитализација и сл.) бараме од Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да ја разгледа потребата од донесување на нови или промени на постоечките протоколи. – велат од Општината.
Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада како социјална дистанца, носење на заштитни маски, како и новата мерка со која се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.