КУМАНОВЕЦ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ДВАЈЦА ОЛИМПИЈЦИ Младите велосипедисти тренирале за претстојната трка
Сообраќајната несреќа се случила на 23 јули 2025 година, на регионалниот пат меѓу Куманово и Свети Николе, во атарот на селото Зубовце. Во инцидентот, 42-годишен жител на Куманово со своето возило удрил во двајцата велосипедисти додека тие тренирале за претстојната трка.
Двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на Европските младински олимписки игри што се одржуваат во Македонија, се здобиле со телесни повреди откако во нив удрило патничко возило додека тренирале за велосипедската трка.
Сообраќајната несреќа се случила на 23 јули 2025 година во 12:09 часот, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце. Возилото „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од 42-годишниот Н.Б. од Куманово, удрило во велосипедистите за време на нивната подготовка.
Двајцата повредени биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што им биле констатирани телесни повреди.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Куманово, а се работи на целосно расчистување на случајот.