КУМАНОВЕЦ ПОЧИНАЛ ДОДЕКА ВОЗЕЛ Сопатничката е повредена откако возилото излетало од патот

292

Кумановец починал додека возел по што возилото излетало од патот, а сопатничката е повредена.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила на 22.03.2026 на локалниот пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на местото викано „Кантон“, каде возилото „даеву тико“, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот.






– Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата – информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

Поврзани содржини