КУМАНОВЕЦ ОСВОИ 5,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Видеолотарија Касинос Австрија им исплати 17 милиони денари на играчите за една недела
Г.П. од Куманово на 17.10.2025, на видеолотариските терминали во „Делта бет Моцарт“ ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка. Неговата среќна игра е „40 лаки кингс“, а добивката што ја освои изнесува 5.533.942 денари.
Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти.
Во периодот од 13.10.2025 до 19.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 17.043.921 денар кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија. За 1 Супер милионер џекпот исплатени се 5.533.942 денари, за 6 Милионер џекпот добивки вкупно 9.032.961 денари и за Мини џекпот добитници исплатени се 2.477.018 денари.
– Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните ВЛТ играчи низ Македонија им се исплатени преку 3 милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа – додаваат од компанијата.